X
 02.07.2019 Живот

Децата се на интернет од 2 до 9 часа на ден

Девет проценти од малолетниците дневно поминуваат повеќе од девет часа на интернет, 41,2 процент од два до пет часа, а до два часа 36,1 проценти, покажува анкетата на Агенцијата за електронски комуникации, спроведена од 23 до 31 мај годинава.

Педесет и шест проценти од домаќинствата со малолетни лица што пристапуваат на интернет не се свесни дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден интернет. Таков софтвер имаат инсталирано само 8 проценти од домаќинствата што се свесни дека постои.

Повеќе од половина (54 проценти) од испитаниците што немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но мнозинството (91 проценти) од нив не знаат каде можат да го набават.

Според извештај на УНИЦЕФ, секое четврто дете на претшколска возраст и над половина од децата што одат во училиште поседуваат барем по еден дигитален апарат, најчесто „паметен телефон“, лаптоп или таблет.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот