X
 02.07.2019 Живот

Градот каде што не врнело 14 години

Светската метеоролошка организација направи листа со екстремни временски услови. На листата се наоѓаат најниската и највисоката температура, местото каде што најмногу врнело, како и местото каде што е забележан најголемиот град.

Најдолг сушен период

Најдолгиот период без дожд е забележан во Чиле, во градот Арика, каде што не врнело цели 14 години, од октомври 1903 до април 1918 година.

Најниската температура

Најголемиот минус е забележан во Восток, на Антарктикот, каде што на 21 јули 1983 година се измерени дури -89,2  Целзиусови степени.

Највисоката температура

„Долината на смртта“ во Калифорнија, САД, влезе во историјата кога во текот на летото 1913 година таму биле измерени неверојатни 56,7 Целзиусови степени.

Најмногу дожд во минута

Во градот Јунионвил, САД, на 4 јули 1956 година бил забележан рекорд од 31,2 милиметар дожд во минута.

Најмногу дожд во 24 часа

Во текот на еден ден најмногу дожд паѓало додека циклонот Денис минувал на архипелаг во Индискиот Океан. Во само еден ден (од 7 до 8 јуни 1966 година) паднале дури 1.825 метри.

Најсилниот град

Најсилниот град паднал на 14 април 1986 година во Гопалганџ, Бангладеш. Притоа животот го загубиле 92 лица. Биле пријавени парчиња што тежеле и до еден килограм.

grad
Фото:Freepik
Највисокиот ладен гејзер

Во Андернах, Германија, на 16 септември 2002 година бил забележан млаз вода висок 61,5 метар исфрлен од гејзер.

Најладниот пат

Рускиот автопат Колима е најладниот пат на светот, каде што температурите некогаш паѓаат и на -67,7 степени. Еден дел од овој пат се вика „Пат на коските“, во знак на сеќавање на затворениците што починале додека го граделе.

Најголемата ледена пустина

Најголемата ледена пустина што не се наоѓа во поларниот дел е на територијата на Канада. Се наоѓа во националниот парк Клуане и се простира на површина од 21.980 квадратни километри.

Населено место со најниска температура

Сибирското место Ојмјакон е најстуденото место каде што живеат луѓе надвор од Антарктикот. Таму температурите паѓаат до -68 степени.

Фото: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот