X
 02.07.2019 Живот

Кој оди на летување во Грција задолжително да прочита: Сите грчки острови се отсечени од светот

Грчката поморска федерација од полноќ почнува со 24-часовен генерален штрајк, со што бродовите ќе бидат закотвени на бреговите низ цела Грција.

Од федерацијата бараат потпишување на колективните договори со екипажите на бродовите за 2019 година и зголемување на платата.

Грчките траекти ќе останат врзани на пристаништата додека работниците на бродовите не работат поради спорот со патничките бродски оператори.

Штрајкот ќе ги остави сите острови без врска со копното и ќе влијае врз сообраќајот на траектите помеѓу Грција и Италија.

Синдикатот на работниците минатата недела повика на штрајк откако го отфрли најновиот предлог на управата на грчките траектни компании за новиот колективен договор за работа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот