X
 02.07.2022 Живот

Колкав процент од луѓето веруваат во хороскоп?

Без разлика дали верувате во астрологија или не, факт е дека таа одамна е дел од нашите животи.

Некои луѓе целосно веруваат во неа, па дури и ангажираат астролози. Од друга страна, има апсолутни противници на астрологијата кои сметаат дека хороскопот е само забава и ништо повеќе. Постои и трета, веројатно најбројна група, на луѓе кои понекогаш читаат хороскоп и не се сигурни дали целосно веруваат во него.

Неколку големи истражувања спроведени во Англија и во САД имаат слични резултати во однос на бројот на луѓе што веруваат во хороскоп. Според нив, околу 25 отсто од луѓето веруваат во астрологија.

Над 90 отсто од испитаниците знаеле кој знак се во хороскоп, а 48 отсто изјавиле дека генералните карактеристики на нивниот знак навистина одговараат на нивните лични особини.


Фото: Freepik

Во едно шведско истражување на 264 испитаници на возраст од 25 до 34 години се открило нешто дополнително. Испитаниците одговарале на прашања за астрологија, решавале тест за личност, тест за нарцисоидност и тест за интелигенција. Било откриено дека верувањето во астрологијата е многу поврзано со нарцисоидноста.

Нарцисите почесто сакаат астрологија бидејќи на тој начин мислат дека имаат „посебно место во вселената“, според психолозите.
Освен тоа, нарцисите се чувствуваат посебно и надмоќно поради паранормалните суеверија. Позитивните астролошки предвидувања го зајакнуваат чувството на сопствена величина кај лицето и поради тоа хороскопот им се допаѓа на нарцисите.

Според друго истражување, хороскопот можеби им помага на нарцисите со тоа што им го намалува стресот и им ја зголемува самодовербата.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот