X
 02.07.2022 Живот

Се продава шкотски остров со замок за 2 милиона долари

Дали барате остров? Ако е така, далечен шкотски остров сега е на продажба. Агенцијата за луксузни недвижности „Савилс“ нуди доста уникатен имот.

Имено, островот Ваила е смарагдно парче земја од 306 хектари со стадо овци и замок од 17 век. Долгогодишните сопственици го продаваат за 2 милиона долари - вистинска зделка за остров и замок.

Островот Ваила е еден од 100-ината острови во архипелагот Шетландски Острови, североисточно од брегот на Шкотска. Само 16 од островите се населени со вкупно население од 22.920 жители.

1

Ваила бил дом на Ричард Роланд и неговата сопруга повеќе од 30 години, но како што велат, сега е време други да го наследат нивниот сон на островот. Иако изгледа како супер изолирано место, Ваила е оддалечен 10 минути со брод од главниот остров на архипелагот.

Островот бил населен уште од бронзената доба. Куќата од 17 век дизајнирана да имитира замок што доаѓа со островот има шест спални соби и модерни удобности за максимална удобност. А, ако сакате тајни, замокот има скриени врати и затворени градини.

2

На островот се наоѓа и камена караула од 18 век, а околу градините има и неколку колиби. Има и цело стадо овци за кои треба да се грижат новите станари. Дивите птици се редовни посетители, а орките си играат во крајбрежните води.

3

На островот се наоѓа и скелет од кит што бил исфрлен на брегот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Savills
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот