X
 02.08.2020 Живот

Подвиг во чест на Илинден – Марио Шаревски исплива од с.Коњско до Голем Град

Спортскиот авантурист Марио Шаревски во чест на големиот празник Илинден денеска исплива од крајбрежјето на Преспанското Езеро, од с.Коњско до островот Голем Град. Авантурата траеше 2 часа и 15 минути, а Шаревски без поголеми проблеми исплива 4.5 км.


Шаревски (лево) заедно со Слободан Трајковски, кој му помагаше во логистиката


Шаревски, во последните неколку години во чест на овој ден реализира по една спортска авантура. Секоја година се труди да биде различен предизвикот. Тури со велосипед и по осум дена, тура со велосипед до Крушево, планински трансверзали. Идејата за пливањето ми е од ланската есен.



- Голем Град е прекрасна знаменитост. Не се подготвував посебно. Претходните два дена во Охрид ја испливав приближно дистанцата. Немав ниту проблем, многу лесно поминав, на почетокот имаше бранови, ама не ме заморија, не ме оттргнаа од нас, погледот беше преубав, лево кон Баба и Пелистер, десно кон гребенот кон Галичица. Островот пред очи. Убавина! – вели Шаревски.

Тој е и планинарски водич и ја истражува Македонија на секој можен начин.

Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот