X
 02.09.2020 Култура

„Нетфликс“ нуди опција за бесплатно гледање без отворање профил

„Нетфликс“ нуди опција за бесплатно гледање филмови и серии дури и за оние што немаат профил на платформата.

На сите им е познато дека корисниците што ќе направат профил на платформата може да ги гледаат содржините бесплатно еден месец.


Фото: Freepik

Но, одредени популарни серии и филмови на „Нетфликс“ сега може да се гледаат бесплатно на линкот netflix.com/watch-free.

Достапни се „Почудни нешта“, „Кутија за птици“ и други наслови. Од сериите може да се гледа бесплатно само првата епизода. Филмовите и сериите што се достапни за гледање бесплатно се менуваат на одреден период.

Оваа опција е достапна за гледање преку компјутер и уреди на „Андроид“.

Автор: Кери Михалчик
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура