X
 02.09.2021 Образование

До 15 септември се аплицира за нови, а до 30 се продолжуваат тековните средношколски стипендии

Во тек е аплицирањето на новите конкурси за доделување средношколски стипендии за учебната 2021/2022 година, како и поднесувањето документи за обнова на правото на стипендија за тековните корисници кои го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а исполнуваат услови за продолжување, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

Аплицирањето на новите конкурси за средношколски стипендии ќе трае до 15 септември, а до 30 септември ќе можат да се поднесат документи за продолжување на правото на тековните корисници.

Конкурсите за доделување ученички стипендии се објавени на следниот линк. Во секој од нив се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија. 

Постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Учениците кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука (директно или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје со точна назнака). Аплицирањето трае до 15 септември 2021 година. 

Поднесувањето на документите за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите години трае до 30 септември 2021. Секој корисник на стипендија, електронски на посочениот портал или хартиено до МОН, треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидетелство.

фото: Архива


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование