X
 02.09.2021 Култура

Нов трејлер за најновиот филм за Џејмс Бонд - „Не е време за умирање“

Даниел Крег заминува во пензија како Џејмс Бонд по последниот филм „Не е време за умирање“, кој наскоро доаѓа во кината. Во филмот Бонд ужива во пензија на Јамајка, но тој мир нема долго да трае бидејќи се појавува негов стар пријател од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) молејќи го за помош.

Двајцата треба да спасат киднапиран научник, но мисијата ќе биде покомплицирана отколку што се очекува, а Бонд ќе се соочи со мистериозен непријател вооружен со нова и опасна технологија.

Покрај Крег, во филмот глумат и Реми Малек, Ана де Армас, Кристоф Волц, Ралф Фајнс и Леа Сејду, додека како режисер се потпишува Кери Фуканага. Првично премиерата на филмот требаше да се одржи пред повеќе од една година, но по одложувањето филмот доаѓа во кината на 7 октомври.

На 1 септември беше објавен најновиот трејлер, кој може да го погледнете во продолжение.


Извор: Noizz
Фото: Youtube/Screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура