X
 02.10.2021 Живот

Запознајте ги жените што го решаваат проблемот со ѓубрето во Малави

На улиците на Лилонгве, главниот град на африканската држава Малави, постојано има многу луѓе. Поради тоа, градот има проблем со собирањето на ѓубрето.

Градските власти успеваат да исчистат само 12 отсто од отпадот, а жителите се жалат и на отпадните води кои го зголемуваат ризикот за болести. Затоа, 60 жени одлучиле да ги земат работите во свои раце и од ѓубрето да направат нешто корисно и исплатливо.

Тие прават канти за ѓубре од стари лименки, пепелници од капачиња, а од органскиот отпад добиваат гас за готвење и ѓубриво. Овие производи се продаваат.

Ова поттикнало и промена кај другите жители, кои сега директно го носат отпадот на сортирање кај жените наместо да го фрлаат на друго место, па затоа целата населба е почиста.


Извор: BBC
Фото: BBC/Printscreen
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот