X
 02.11.2019 Култура

„Светот на Биби“ ќе ги отвори Деновите на книгата во Центар, во читалницата „Славко Јаневски“

Промоции, читања, средби со автори, забава, дружење со „Светот на Биби“ ќе бидат дел од активностите што од 4 до 8 ноември ќе се случуваат во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје. На покана од Општината Центар нашиот проект ќе биде промовиран со повеќе содржини во рамките на манифестацијата Денови на книгата во Центар.

Секој ден од 4 до 8 ноември, во периодот од 12 до 18 часот, ќе бидат изложени сите производи, а ќе има можност и да се купат. Што сѐ ќе содржи програмата?

Ќе ги промовираме „Книга на знаења“ и „Моите омилени места“ на авторката Билјана Црвенковска. За илустрациите се погрижи Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Децата ќе може да ја играат нашата „Игра на знаења“, а најдобрите ќе добијат награди.

Проф. д-р Кирил Барбареев ќе ја промовира образовната програма „Бибиверзум“, а илустраторката Маја Џеповска ќе реализира две работилници наменети за деца од 5 до 7 години.



Авторката на изданијата на „Светот на Биби“, Билјана Црвенковска, ќе одржи работилница за креативно пишување.
На манифестацијата, која Општината Центар првпат ја одржува, ќе учествуваат и издавачките куќи „Полица“ и „Магор“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура