X
 02.11.2020 Здравје

Брзите тестови ќе бидат бесплатни, а ќе се закажува преку „Мој термин“, вели Филипче

Во Министерство за здравство денес почнале да стасуваат пратките со брзи тестови што ги добива како донација. Имено, донација од 13.000 брзи тестови, кои се сметаат за најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19, ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се врши тестирањето, но и низ болниците. За тестирање со овие тестови нема да се плаќа, вели министерот за здравство Венко Филипче, а ќе се закажува преку системот за евиденција „Мој термин“, преку алгоритамот кој се применува и за другите тестови.

- Има препорака од Светска здравствена организација за тоа кога на пациентот да му се направи брз тест, а за тоа ќе се одлучува онаму каде што се тестира. Тоа зависи од состојбата на пациентот - објаснува Филипче.

Во исто време државата со пари што се предвидени со ребалансот на Буџетот ќе набави уште околу 100.000 брзи тестови.

- И за овие тестови нема да се плаќа – вели Филипче.

Инаку, Здравствен дом - Скопје набавил 4.000 брзи тестови што сака да ги употреби за со приватно закажување, за што пациентите кои ќе се тестираат ќе треба да платат.
Подготвил: Н.Б.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје