X
 02.12.2020 Здравје

Неделен извештај за Ковид-19: Намален бројот на заболени

Намален број на заболени од Ковид-19 во изминатата недела евидентирал Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Од 23 до 29 ноември тестирани се вкупно 18.767 материјали за присуство на SARS-CoV-2, што е 4,6% помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.745 нови позитивни случаи од 35 града во државата - со намалување од 9,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.863). Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 35,9%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И оваа недела најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (24,1%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (20,9%), од 40 до 49 (18,7%), од 50 до 59 (17,9%) и од 20 до 29 години (13,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (1,5%) и од 10 до 19 години (3,9%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 16,3% повеќе во споредба со минатата недела. Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, незначително намалување за 1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50 од 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години.


Фото: Борче Поповски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје