X
 02.12.2021 Живот

6.542 лица починале, а 30.136 биле хоспитализирани досега во земјава, покажува најново истражување

Ефективност на вакцините во спречувањето хоспитализација и смрт од ковид-19 кај македонската популација покажа дека постарата возраст и машкиот пол значително ја намалуваа ефективноста на вакцините, при што граѓаните на возраст од 65 и повеќе години имаа околу 76% поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под 65 години, а мажите имаа околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените.

Вкупно 1.886.124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779.558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1.106.566 невакцинирани испитаници, во најновото истражување на Министерството за здравство во врска со влијанието на вакцините во превенција од ковид-19. Анализата покажа дека вкупно 30.136 лица биле хоспитализирани од почетокот на пандемијата (26 февруари 2020 до 30 септември оваа година) од кои 6.542 починале (21.708% од хоспитализираните). Просечната возраст на хоспитализираните изнесувала 61 година, а 56,5% од нив биле мажи. Од хоспитализација до смрт поминувале во просек 14,8 дена, а половина од испитаниците умреле во рок од 8 дена по хоспитализација.
Од популацијата на која им е понудена вакцината (11 години и постари), во периодот од јануари до август годинава 41,33% биле вакцинирани со барем една доза, од кои повеќето (37,78%) биле целосно вакцинирани со две дози. Најголем дел од испитаниците ја примиле вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech и вакцината CoronaVac на производителот Sinovac.

Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на ковид-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт кај македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој термин“ од денот на првата регистрирана вакцинација (15 јануари до 30 септември оваа година), се вели во соопштението на Министерството за здравство. Бројот на испитаници што примиле една, односно две дози вакцина е даден во Табела 1.



Во истиот период од вкупно 16.691 хоспитализации, 1.114 биле регистрирани по вакцинација кај 701.148 целосно вакцинирани (0,159%), додека 15.577 хоспитализации биле регистрирани кај 1.119.139 невакцинирани (1,391%). Грубата процена на ефективноста на примени две дози од која било вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 88,727% (95% интервали на доверба (ИД): 88,017- 89,400%).
Постарата возраст и машкиот пол значително ја намалуваа ефективноста на вакцините, при што граѓаните на возраст од 65 и повеќе години имаа околу 76% поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под 65 години, а мажите имаа околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените. Поради тоа што популацијата вакцинирани беше во просек речиси 10 години постара од популацијата невакцинирани и затоа што вакцините од различни производители се нудени на различни возрасни групи, процената на ефективноста беше коригирана за пол и возрасни групи (граѓани од 65 години нагоре наспрема помлади од 65 години). Со тоа, коригираната ефективност на примени две дози од која било вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 90,604% (95% ИД: 90,018-91,166%), а засебната коригирана ефективност по вакцина од различен производител е дадена во Табела 2.
Две дози од ковид-19 вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech покажа највисока ефективност во спречување хоспитализација, следена од вакцината ChAdOx1-S (производител: AstraZeneca) и вакцината CoronaVac (производител Sinovac), сите со ефективност над 92%. Вакцините BBIBP-CorV (производител Sinopharm) и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажаа послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но сè уште имаа висока ефективност, над 80%.





Анализа на 65.837 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од кој било производител покажа значително пониска ефективност во спречување хоспитализација од ковид-19 и по корекција за пол и возрасни групи изнесуваше 40,918%.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот