X
 02.12.2022 Живот

Почна да прави проблеми во градинка, да не соработува, да кажува недолични работи, а сѐ се смени откако се роди бебето

Јас сум една загрижена мајка на 5-годишно машко дете. Беше умно, паметно, соработливо дете, но повеќе не е такво. Пред еден месец добив и второ дете и не дозволуваме поголемиот да се почувствува изолиран или да не му се обрнува внимание, напротив, мислам дека тоа го искористи и сѐ му беше дозволено. Оди во градинка и таму една недела правел проблеми, не соработувал си терал по свое, а на улица знае да удри некое дете.
Понекогаш останува на спиење кај моите родители, но и нив не ги слуша, сака сам да оди на продавница или сам да шета со другарите низ маало. Треба по повеќе пати да го викнам за да дојде да го прашам нешто или сл.
Кажете совет како да постапиме, знае да кажува и недолични работи. Разговараме сите со него зошто се однесува така, а неговиот одговор е „Јас сум голем веќе“. Ве молам за совет.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Живот