X
 03.01.2019 Живот

Снег во пустински американски градови

Во голем дел од западниот дел на Америка падна снег, кој паѓал дури и во пустините во Аризона.

Во јужниот дел на Аризона снегот покрил кактуси, но и Големиот кањон на север.

Националната метеоролошка служба објави предупредување за мраз во Невада, а снег паднал и се задржал на патот на 20 минути од Лас Вегас.

Поради снег и мраз на патиштата, училиштата и државните институции се затворени во Албукерки, Ново Мексико.

Од друга страна, некои делови на Алјаска, во северозападниот дел на земјата, ја дочекаа Новата година во блага клима, со исклучок на планинските предели.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот