X
 03.01.2020 Живот

Џеф Безос влезе во 2020 година како најбогат човек на светот

Безос влезе во 2020 година како најбогатиот човек на светот, а на Индексот за милијардери на „Блумберг“ е наведено дека поседува дури 115 милијарди долари.

Веднаш зад него е Бил Гејтс, чие богатство изнесува 113 милијарди долари. Безос, Гејтс и францускиот бизнис-магнат Бернард Арно се единствените тројца милијардери на листата чие нето-богатство надминува 100 милијарди долари.

Иако се очекуваше Безос да падне на листата поради разводот од сопругата Мекензи, кој го чинел многу, тоа не се случи. Во меѓувреме таа се најде на 25. место на листата со најбогати, со богатство од 37 милијарди долари.

1
Фото: Printscreen/Bloomberg


Меѓу првите десет најбогати се Ворен Бафет и Марк Закерберг, Амансио Ортега, кој има 75,5 милијарди долари, Лери Пејџ (64,6 милијарди долари), Сергеј Брин (62,7 милијарди долари) и Чарлс Коч со 62 милијарди долари.

Единствена жена во првите десет е Џулија Флешер Коч, вдовицата на бизнисменот Дејвид Коч, со богатство од 62 милијарди долари. Од 10 најбогати луѓе во светот дури 8 се од САД.

Целосната листа на „Блумберг“ можете да ја погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот