X
 03.02.2017 Живот

Потребите на вашето дете за кои нема да ви каже

Не многу долго откако се роди мојот син, се сеќавам некој дојде и ми рече нешто што ја промени мојата перспектива за родителство: „Уживај во секој момент. Деновите се долги, но годините кратки“.

Во тоа време, не спиев многу и бев под стрес. Меѓутоа, поминаа скоро четири години откако за прв пат го држев мојот син во прегратка и по стоти пат во глава ми се вртеше коментарот.

Родителството е прекрасна бура. Напорите се животворни и радосни. Но, далеку е од лесно. Некои денови воопшто не можете да издржите. Порој од пелени и неодговорни одлуки кои се закануваат на вашиот здрав разум. Други денови пак се јасни. Гледате се`. Ја гледате напорната работа, непроспиените ноќи и дисциплината конечно се исплатиле.


Фото: Pixabay

Родителството е доста важно. Силните семејства се 'рбетот на силните општества и култури. Без силни родители кои воспитуваат силни деца, културите стануваат парализирани и стагнираат. Родители, вие ја обликувате вечната патека на вашите деца.

Да бидеме искрени, децата не се лесни за „читање“. Јас се` уште не можам да сфатам зошто тие не доаѓаат со инструкции. Целата работа се случува толку брзо. Една огромна топка стрчи на стомакот на мојата сопруга. Следниот момент, таа огромна топка се наоѓа на чевлите на медицинската сестра. Еве ме денес, само на неколку дена од четвртиот роденден на огромната топка.

Деновите се долги. Годините се кратки.

Имате кратко време да ги подготвите вашите деца. А позади покер лицата се наоѓаат вистинските потреби. За децата да напредуваат во денешниот свет, со неговите единствени комплексности и предизвици, ова се некои работи кои им се потребни.

1. Вашиот брак треба да има поголем приоритет од нив

Децата бараат време и ресурси. Треба да им служите и да обезбедите за нив. Треба да инвестирате и во нивната сегашност, и во нивната иднина. А еден од најдобрите начини за инвестирање е вашиот брак.

Ако вашите деца се на прво место пред бракот, тогаш ќе ги изгубите и нив и вашиот брак. Вашите деца ќе станат идоли, никогаш нема да исполнат вашите очекувања, и секогаш ќе очекувате повеќе од нив отколку што можат да дадат.

2. Живот без постојана врска со технологијата

Без разлика дали вашите деца се новороденчиња, мали деца или тинејџери, ваша работа е да ја исклучите технологијата. Кога вашиот стандарден одговор на здодевноста е технологијата, вие станувате зависни од нив. Ги учите дека животот е бескрајно Дизниленд искуство, а вие ќе бидете нивниот водич. Не е ваша работа да ги забавувате децата секој момент. И не е ваша работа да ги штитите од здодевност.

Потребно е да воспоставите време кога не е дозволена технологијата. Овозможете им на децата да почувствуваат здодевност и да функционираат со неа. Забавно е да се посети Дизниленд на неколку години. Исцрпувачки е кога се обидувате Дизниленд да го донесете во дневната соба.

3. Повеќе охрабрете ги наместо постојано да ги поправате

Ќе се согласите, некогаш, единствените зборови кои родителите ги користат се: не и престани. Многу е лесно да се потенцира негативното. Очигледно е кога вашите деца ќе згрешат. Но што со работите кои ќе ги направат правилно? Дали ги потенцирате тие?

Колку често велите: „Горд/а сум на тебе“, „Те сакам“, „Благодарен/на ти сум“? Треба да знаете за моќта на афирмацијата.

Секој ден, вашите деца прават добри избори. Ако не ги вербализирате, не е само жално, туку и лошо.

4. Треба да знаат дека животот не е фер


Постои еден тренд во денешното општество наречено „Ефект на трофеј за учество“ кој вели дека секој е победник.

„Ако душо. Не успеа да победиш. Меѓутоа пак го добиваш трофејот. Тука секој е победник“.

Но, не е така.

Овие трофеи не ги подготвуваат вашите деца за вистинскиот живот. Во реалноста, не добива секој трофеј. Постојат победници и губитници. Низ губењето и отфрлањето децата учат. Тие ќе развијат упорност. Поразот би можел да ве уништи, но ќе имате можност повторно да станете посилни од претходно.

5. Треба да знаете да кажете не и да ги заштитите нивните граници

Децата често пати ги тестираат нашите граници бидејќи сакаат да се осигураат дека тие всушност постојат.

Поставете граници помеѓу вашите деца и вашите очекувања. Тие треба да знаат што е соодветно за нив. Исто така, поставете граници помеѓу вашите деца и бескрајните активности и можности. Не можете да направите се`. Вашите деца не можат да искусат се`. За нив, секоја можност изгледа добро. Вашата работа е да ги одржувате децата на земја и даги спречите да се „удават“ во активности.

Научете да велите не. Не може вашите деца да бидат надарени во се` и најдобри во се`.

6. Помогнете им да станат момче/девојка кои беа создадени да бидат, а не кои што сакаат да бидат

Немојте да ги споредувате вашите деца. Тие се создадени уникатно, не подеднакво. Барометарот за вашите деца не е роднина или дете на ваш пријател, туку огледалото. Научете ги да се натпреваруваат против личноста која биле вчера, а не личноста покрај нив.

Вашата најголема конкуренција во борбата за големина е човекот во огледалото. Престанете да ги споредувате вашите деца. Започнете да ги предизвикувате да станат најдобра верзија од себеси.

7. Разговарајте за сексот и други табу теми

Добро би било кога би ги подучиле вашите деца за сексот. Не можете да ги избегните овие теми. Вашите деца неизбежно ќе научат за сексот. Ќе слушнат и за дрога и алкохол. Прашањето е, кој ќе им каже?

Да не преземете ништо и да мислите дека сами ќе откријат е лошо родителство.

Автор: Франк Пауел
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот