X
 03.02.2019 Живот

Климата го убива производството на состојката без која не може да се замисли една кујна

Производството на маслиново масло во Италија во 2018 година опаднало за 57 отсто поради климатските услови, што ја прави минатата година една од најлошите, соопшти италијанскиот институт „Исмеа“.

Производството на маслиново масло изнесувало 185.000 тони во споредба со оние 429.000 од 2017 година, истакнаа од институтот, кој се занимава со земјоделската и прехранбената индустрија, додавајќи дека тоа е пониско од првите процени (кои секако беа песимистички) објавени во октомври, кога очекуваното производство било 265.000 тони масло.

Најпогодена е јужната област Пуља, која сама претставува околу половина од италијанското производство. Таму е забележан пад на производството од околу 65 отсто поради мразот, особено поради снегот во март, но и поради други проблеми, вклучувајќи и бактерија која ги погодила маслинките.

Поради падот на производството, цените почнаа да се зголемуваат. Сепак, тие беа пониски од минатата година поради големото производство во Шпанија.

Други производители, како Грција и Тунис, исто така имаа тешка година. Грчкото министерство за земјоделство во декември соопшти дека производството на маслиново масло ќе опадне за 30 до 40 отсто поради климатските услови поволни за еден вид инсекти штетни за оваа култура. Зимните температури беа пониски од вообичаено, а следуваа и силните дождови во јуни во Грција.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот