X
 03.02.2020 Економија

Почна исплатата за второто тримесечје од „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи (УЈП) ја почна исплатата за скенираните фискални сметки од второто тримесечје во рамките на „Мој ДДВ“. Средства на трансакциските сметки ќе добијат оние граѓани што скенирале сметки во периодот од октомври до декември 2019 година, информира директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

За второто тримесечје од „Мој ДДВ“ предвидено е на сметките на граѓаните да легнат 3.871.000 евра. Од УЈП веќе информираа дека расте бројот на граѓани што скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Само во јануари 2020 година имало 23.387 нови корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. За првото тримесечје од „Мој ДДВ“ веќе им е исплатен повратот на ДДВ на 144.601 граѓанин што внеле валидни трансакциски сметки.

Директорката на УЈП денес потсети граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки внесени во апликацијата „Мој ДДВ“. Доколку не ги внеле своите податоци или имаат погрешни бројки од нивната трансакциска сметка, тогаш граѓаните треба да ги коригираат податоците за да се овозможи навремена исплата на повратот на ДДВ за периодот октомври – декември 2019 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија