X
 03.02.2020 Живот

Зошто чистотата е еден од предусловите за среќа?

Неуредноста често е предизвикана од стрес, додека чистотата е еден од важните предуслови за среќа.

Во истражувањето учествувале 2.000 луѓе, кои се изјасниле за суперуредни, умерено уредни и неуредни. Се очекувало испитаниците од сите три групи да пријават колку се среќни во различни области од животот, од семејните моменти, сликата за сопственото тело, квалитетот на спиење, до сексуалниот живот. Нивните одговори покажаа дека најсреќни се најуредните луѓе и тоа во секој сегмент од животот, дури и во сексот; по нив следувале умерено уредните и на крајот неуредните луѓе.

Иако има смисла дека одржувањето чист дом ги подобрува и другите подрачја од животот, секако, постојат други причини поради кои уредноста и среќата се поклопуваат. Неуредноста често е предизвикана од стресни околности, а луѓето што се смирени и имаат повеќе слободно време, имаат и повеќе време за чистење.

Освен тоа, сигурно повеќето не одговарале искрено во која група спаѓаат, според своите навики за чистење, а оние што сами се нарекуваат „неуредни“ очигледно веќе знаат дека би требало да преиспитаат некои лоши навики.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот