X
 03.02.2021 Наука

Нов тест може точно да ја предвиди депресијата според протеин во мозокот

Депресијата се карактеризира со мноштво видливи симптоми, но научниците со години се обидуваат да ги разберат нејзините основни механизми. Досега истражувачите откриле дека кога го има помалку специфичниот протеин наречен невротрофичен фактор во мозокот (BDNF), пациентите доживуваат потешка депресија.

Сега истражувачите успеале да развијат нов тест - прв од ваков вид - за прецизно предвидување на депресијата, заснован на нивото на овој протеин пронајден во мозокот.

Тестот, развиен од истражувачи во Австралија и во Кина, е првиот што успешно го изолира веќе обележаниот протеин за поврзаност со депресија. Тестот, или комплетот за анализа, беше во можност да разликува зрел BDNF (mBDNF) од две други форми на протеинот. Користејќи го комплетот, истражувачите биле во можност да ја потврдат врската на mBDNF со депресијата, истовремено спречувајќи ја да се меша со другите форми.

Со овој комплет за анализа, мерењето на нивото на mBDNF може да помогне да се дијагностицираат депресијата и биполарното растројство.

- Ова може да биде објективен биомаркер покрај клиничката процена од лекар - вели еден од авторите на студијата, д-р Син-Фу Зоу, професор на Универзитетот во Јужна Австралија.

Истовремено, зголеменото производство на BDNF е исто така поврзано со вежбањето, што наведува многу експерти да препорачаат физичка активност како начин да се отстранат симптомите на депресија. Едно истражување од 2019 година препорачува физички вежби при лекување на постари лица со депресија.

Дали некои луѓе се посклони кон депресија?


Имајќи ги предвид овие фактори, наодот на mBDNF треба да се сфати повеќе од дијагностичка алатка, вели Вервел Чарлс Реисон, истражувач и професор по човечки развој и семејни студии на Универзитетот во Висконсин-Медисон.

- Првиот проблем е оваа идеја дека поголема депресија би можела некогаш да има биомаркер. Никогаш немаше биомаркер што би го идентификувал секој случај на депресија - вели Реисон.

depresija
Фото: Freepik

Истражувањето е соработка помеѓу Универзитетот во Аделаида и Медицинскиот универзитет „Кунминг“ и беше објавено во списанието за психијатриски истражувања овој месец.

Иако ова истражување е важно за научно разбирање за тоа како функционира депресијата, важно е различните искуства на депресијата што не спаѓаат во оваа категорија да не бидат поништени.

- Да речеме дека едно лице е очајно депресивно, не може да стане од кревет и планира да се самоубие. Тоа има навистина добри нивоа на mBDNF. Дали би му рекле: „Извини, не е возможно. Не можете да бидете депресивни, а да имате добри нивоа на mBDNF“. Или обратно, ако некој е совршено среќен, има добар живот, но има ниско ниво на mBDNF, дали ќе му речете: „Види вака, мора да го надминеш ова, навистина си депресивен“.

Реисон апелира во истражувањето да се користат биомаркери во контекст на третманот.

- Ако тие покажеа дека депресивните луѓе со низок mBDNF имаат поинаков одговор на третманот, тогаш би сакале да го измерите затоа што тоа ќе ви каже што да правите сега во светот во кој живееме. Значи, има потреба од овие индивидуализирани предвидувачки биомаркери, но потребата е за работи што ќе ни дадат одговор на третманот, а не дијагноза - вели Реисон.

Истражувачите наведуваат дека нивните неодамнешни откритија се првиот чекор во низата истражувања што следуваат, а кои сакаат да анализираат како влијаат на proBDNF и mBDNF преку електроконвулзивна терапија. Овие истражувања може да имаат вистински импликации, особено за третина од клиничките депресивни пациенти кои не реагираат на други терапии, како антидепресиви.

Извор: Verywellhealth.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука