X
 03.03.2019 Образование

Проблемите на лицата со ретки болести, студентските денови на Мики Јовановски-Џафер, со што се соочуваат талентираните деца. Што истражувавме минатата недела?

Десетина средношколци со жар кон музиката нè пречекаа во нивното катче во скопската гимназија „Никола Карев“, заедно со нивната наставничка Емилија Ристановска, која две децении предава музичка уметност

Со какви предизвици се соочуваат луѓето со ретки болести во Македонија, приказна со каратистот Петар Спасеновски, европски првак во јуниорска категорија, комплексниот проект на Факултети.мк и Фондот за иновации и технолошки развој за надарените и талентирани деца во Македонија, за кои системот нема модел да ги препознае, идентификува и да ги спроведе низ образовниот систем. Ова се дел од темите што Факултети.мк ги истражуваше неделава.

Петар Спасеновски

„Ќе останам во каратето додека не се вратам со европски, светски, па и олимписки медал“, вели Петар Спасеновски, кој неодамна стана европски првак во категоријата јуниори до 21 година и до 84 килограми. Тој е повеќекратен државен првак на Македонија во карате, а кога не спортува, студира право.

Од презентацијата на новиот апарат

Компанијата за техничко обезбедување ,,Глобал секјурити“ ДООЕЛ Скопје и Средното електротехничко училиште ,,Михајло Пупин“ потпишаа меморандум за соработка за да им овозможат на учениците да учат низ пракса и полесно да најдат работа по матурирањето. Тие го презентираа алармот со чад - уред кој од неодамна е присутен и во Македонија.

Весна Алексовска

Весна Алексовска, претседателка на здружението „Живот со предизвици“, вели: „Патот на лицата со ретки болести е како минско поле, никогаш не знаеш кога и на што ќе нагазиш“. И таа страда од ретка болест. Растела со неа, се борела заедно со семејството, не изгубила надеж дека еден ден ќе има подобар живот.

Мики Јовановски-Џафер

Во рамките на рубриката „Кога бев студент“, за студентските денови ни раскажуваше пејачот Мики Јовановски-Џафер. За себе вели дека е еден од ретките рокери што воопшто завршиле факултет во негово време. Одлучил да студира право иако бил вонредно талентиран за соло-пеење.


Македонскиот тим кој освои три бронзи на Јуниорската олимпијада во Боцвана

„Македонија има многу надарени и талентирани деца, но системот не знае да ги препознае“. Фондот за иновации и технолошки развој во партнерство со порталот Факултети.мк подготвува панел-дискусија посветена на овој долгогодишен проблем со кој се соочуваат многу надарени и талентирани деца, но и образовни институции и здруженија кои се вклучени во нивното надградување.



Десетина средношколци со жар кон музиката нè пречекаа во нивното катче во скопската гимназија „Никола Карев“, заедно со нивната наставничка Емилија Ристановска, која две децении предава музичка уметност. Љубовта кон оваа професија и многубројните дополнителни часови што оваа наставничка им ги посветува на тинејџерите се гледаат во нивниот ентузијазам.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование