X
 03.03.2020 Наука

Биг бенг 2 - црна дупка ја создала најголемата вселенска експлозија уште од почетокот на времето

Астрономите велат дека откриле толку голема експлозија предизвикана од црна дупка, што можела да го уништи Млечниот Пат. Станува збор за најголемата експлозија досега забележана од почетокот на времето.

Вистинската експлозија се случила на растојание од стотици милиони светлосни години од Земјата. Експлозијата предизвикала огромно ослободување на енергијата од супермасивната црна дупка. Настанот зад себе оставил огромна дупка во галаксијата Офикус.

- Во дупката можат да се вметнат петнаесет галаксии како Млечниот Пат - изјави Симона Џиасинтучи, водечки автор на објавеното истражување. Таа е и астроном во поморската истражувачка лабораторија во Вашингтон.

Таа и нејзиниот тим првпат го пријавиле откритието во четвртокот, откако го забележале во опсерваторијата „Чандра Екс-реј“, орбитален телескоп управуван од НАСА и Астрофизичката опсерваторија „Смитсонијан“ во Кембриџ.

- На некој начин оваа експлозија е слична на таа на планината и вулканот Сент Хелен во 1980 година, кога експлозијата го откина врвот на планината - додава таа.

1
Фото: XMM/CHANDRA/GMRT/2MASS

Црните дупки се познати по тоа што ја трошат целата енергија и материја што се наоѓа во нивното неизбежно гравитационо поле. Сепак, тие исто така фрлаат млазови енергија и материја додека јадат планети и ѕвезди. Млазовите од оваа црна дупка се чини дека ги искинале околните галаксии во голема ерупција, пишува во истражувањето.

Експлозијата се случила во кластерот Офикус, збир на галаксии оддалечени околу 390 милиони светлосни години. Телескопот „Чандра“ открил необичен раб во кластерот во 2016 година, но истражувачите сметале дека е премногу голема дупка за да биде предизвикана од експлозија. Опсерваториите во Индија и во Австралија ги насочиле телескопите во истата насока и на крај сите се согласиле дека станува збор за експлозија.

Не се знае точно кога се случила експлозијата, но научниците велат дека во суштина станува збор за експлозија што се случила пред многу време. Со други зборови, фотографиите покажуваат многу стари фосили од билиони ѕвезди што биле избришани во еден голем Биг бенг.

Истражувањето е објавено во списанието „Астрофизикал џурнал“.

Извор: Globalnews.ca
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука