X
 03.04.2019 Живот

Нигеријци порачуваат пици од Британија

Нигериски политичар тврди дека неговите сонародници порачуваат пици од Британија и тие се пренесуваат со авиони на „Бритиш ервејс“, чија рута е долга 4.000 милји.

Министерот за земјоделство на Нигерија, Ауду Огбех, истакна дека африканската нација премногу се потпира на странски увоз, кој од страна на многу луѓе се гледа како симбол за статус.

- Тие купуваат пица од Лондон, изутрината ја носат со „Бритиш ервејс“ за да ја земат од аеродром - истакна тој.

Министерот ги критикуваше граѓаните што увезуваат сè, од ориз до доматен сос, затоа што мислат дека така покажуваат статус, класа бидејќи јадат само увезени продукти.

- Ова е многу вознемирувачка ситуација и мораме да го забрзаме прекинувањето на некои од овие работи - додаде тој.

Неговите коментари беа исмевани на „Твитер“, каде што еден корисник напиша: Драги „Бритиш ервејс“, зошто не ни кажавте дека имате сервис за достава на пица до Нигерија? Има ли апликација за ова?
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот