X
 03.04.2019 Култура

Погледнете ги новите трејлери за осмата сезона на „Игра на троновите“

По долгата зима, време е осмата сезона од „Игра на троновите“ да ги преземе нашите животи оваа пролет. Сега, Ејч-би-о објави не еден, туку два нови трејлери, покажувајќи големо обединување за кое сите се надевавме - и потенцијално најшокантната смрт во целата серија.

Прво, стандардното предупредување. Ако не сте ги изгледале сите сезони од „Игра на троновите“, тогаш треба да имате предвид дека содржината во продолжение содржи спојлери и теории од фановите.

Првиот клип наречен „Заедно“ покрива повеќе во однос на целата содржина на осмата сезона. Во него ја гледаме Денерис како пристигнува во Винтерфел, давајќи ѝ можност на Санса да ги запознае змејовите, а притоа потенцирајќи им на гледачите колку е кревко сојузништвото Старк - Таргариен.

Тирион издава предупредување, краток момент во кој ги гледаме и Санса и Денерис во заднина, со наведнати глави.



- Мораме сите да се бориме заедно или да умреме - вели Тирион.

Поинтригантен е моментот меѓу Џон Сноу и Денерис во Драгонстоун. Додека Денерис зјапа во огнот, Џон Сноу изгледа шокиран, што можеби покажува дека токму овој момент двајцата дознаваат за нивното крвно сродство - Џон е син на Регар Таргариен.

Вториот клип е наречен „Преживување“ и вклучува клучен момент од осмата сезона од „Игра на троновите“ - обединувањето меѓу Џон Сноу и Арја во Винтерфел.

- Помисли од каде почнавме. Сега останавме само ние - вели мистериозниот глас што потсетува на Семвел Тарли.

Има уште еден драматичен момент во кој еден змеј лета сам. Дали Мајката на змејовите ќе остане со само едно дете?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура