X
 03.04.2020 Образование

Ако студентските домови станат карантини, студентите сами ќе си ги земат личните работи

Сите лични работи на студентите што се оставени во студентските домови се безбедни. Апелирам да не се шири паника по однос на ова прашање. Ве советувам за сите информации поврзани со студентските домови да се информирате од официјални извори бидејќи тие се единствени релевантни да одговорат на сите ваши прашања – посочува директорот на Државниот студентски центар „Скопје“, откако кај дел од студентите се прошири информација дека ако домовите станат карантини, личните работи ќе им бидат спакувани и однесени на безбедно. 

Оваа информација се рашири меѓу студентите по одлуката на Владата (донесена на 30 март), според која, студентските домови би се користеле како сместувачки капацитети, односно карантин за лицата што се во изолација, доколку се јави потреба за тоа. 

Николовски дообјаснува:

- Во случај да затреба да се ослободат собите, студентите ќе бидат навреме информирани и согласно сите процедури прво ќе се остави простор комплетно да се иселат.

Меѓу другото, Владата деновиве одлучи студентите што ги користат капацитетите на студентските домови да бидат ослободени од партиципација за периодот прогласен за вонредна состојба. Исто така, надоместокот кој го исплаќа МОН за секој студент и кој изнесува 50 отсто од сумата за сместување се продолжува од 10 на 12 месеци. 

Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование