X
 03.04.2020 Култура

Jугословенска модернистичка архитектура во Африка и на Блискиот Исток

Како што пренесува веб-страницата „Споменик датабејс“, последниве неколку години сведоци сме на славењето и признавањето на уникатната архитектура на модернизмот во поранешна Југославија. Низ целиот свет, од страна на стручната јавност и публиката, споменатата архитектура се истакнува и се разликува од западната и источната архитектура од периодот на Студената војна.

Но, она што не добило доволно признание и внимание се проектите на југословенските архитекти надвор од границите на Југославија, поради влијанието и политичките односи на СФРЈ со земјите од Движењето на неврзаните (сојуз од 120 земји во развој, формиран независно од блоковска поделба и покрај спротивставувањето на некои големи сили, најмногу од Советскиот Сојуз).

Поради оваа причина, Југославија можела да реализира проекти во земјите на африканскиот и на азискиот континент. Еден од најзначајните примери на југословенско наследство во овие земји биле мегаконструкциите во Африка и на Блискиот Исток. Овој феномен штотуку почнува да се истражува, претежно од академскиот истражувач Лукаш Станек.

Веб-страницата „Споменик датабејс“, зад која стои Американецот Доналд Нибл, претставил листа со десет најрепрезентативни примери што ја покажуваат идејата за различните форми на југословенскиот модернизам, а во продолжение ви пренесуваме неколку.


Извор: Spomenik Database | Noizz.rs
Фотографии: Dubravka Sekulić paper/Zoran Bojović | Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура