X
 03.04.2020 Култура

На новите јапонски пасоши ќе има уметнички дела

Најмоќниот пасош во светот добива нов изглед. Жителите на Јапонија што аплицирале за пасош по 4 февруари на својот пасош ќе имаат уметнички дела од познатиот укијо-е мајстор Кацушика Хокусаи.

Укијо-е е жанр на јапонски дрвени принтови на кои биле прикажувани разни работи, од театарски известувања до пејзажи и сумо-борачи. Принтовите биле евтини за произведување и биле популарни од 17 до 19 век. На новите пасоши ќе ја има серијата „Триесет и шест погледи на планината Фиџи“, која Хокусаи ја создал во 19 век. Во серијата е и најпознатиот јапонски принт „Големиот бран кај Канагава“.


Фото: Големиот бран кај Канагава/Pixabay

Уметничките дела на новите пасоши ќе бидат заднина за страниците за виза и печати. Надворешниот изглед на пасошот останува ист. 10-годишниот јапонски пасош има 54 страници, а секое од 24. дела во серијата ќе се најде на 48 страници од пасошот. На 5-годишните пасоши ќе има 16 дела кои ќе се најдат на 32 страници.

Министерството за надворешни работи на Јапонија ја донесе одлуката за новиот дизајн пред 4 години. Пред да се одлучат за делата на Хокусаи, биле земени предвид јапонски мотиви како сцени од фестивали или јапонски цреши. Новиот дизајн ќе му ја претстави јапонската култура на светот додека земјата се подготвува да биде домаќин на Олимписките и Параолимписките игри во Токио во 2020 година, велат од министерството.


Фото: Wikipedia

Според индексот за мерење на моќта на пасошите „Хенли“ објавен во јануари, јапонскиот пасош е најмоќен на светот. Со јапонскиот пасош може да се патува без виза до 191 дестинација во светот.

Автор: Емико Јозука
Извор: cnn.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура