X
 03.04.2020 Здравје

Шпанија ја надмина Италија по бројот на заразени, повеќе од половина од починатите во целиот свет се од само три земји

Бројот на лица заразени со коронавирусот на светско ниво веќе е поголем од еден милион, поточно 1.034.170. Бројот на излекувани, пак, е околу една петтина од тој број и изнесува 220.025, додека вкупниот број на починати е 54.465. Секако, овие броеви се менуваат од минута во минута.

Соединетите Американски Држави веќе неколку дена се на врвот на листата кога станува збор за бројот на заболени, па сега има 245.442 Американци заразени со новиот коронавирус.

Интересно е што се случува во другите земји. Шпанија веќе ја надмина Италија по бројот на заразени и сега таму има 117.710, додека бројот на Италијанци заразени со опасниот вирус е 115.242.

Германија се најде на четвртото место со 85.903 заразени, додека Кина, од каде што и потекна вирусот, е на петтото место со вкупно 81.620 заразени.

Во однос на бројот на излекувани, Кина е на првото место со 76.571, а потоа следуваат Шпанија со 30.513, Германија со 22.440, Италија со 18.278 и Иран со 17.935.

Доколку ја погледнеме статистиката за смртните случаи, лесно можеме да забележиме дека повеќе од половина од вкупниот број починати се од само три земји: Италија (13.915), Шпанија (10.935) и САД (6.098). На четвртото место е Франција со 5.387 починати, а Кина со 3.322 починати се најде на петтото место.


Фото: Worldometers (printscreen)

Целата табела можете да ја видите ТУКА.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје