X
 03.04.2021 Живот

Што вели „бројачот“ за светска популација: Кои градови моментално имаат најмногу жители?

Не изненадува тоа што повеќето од најнаселените градови во светот се наоѓаат во најнаселените земји во светот. Според најновите податоци на „Ворлд попјулејшн ривју“, кој од секунда во секунда ги брои жителите на светот, ова е списокот со градови со најголемо население.

1. Токио - 37.435.191 жител
2. Делхи - Делхи - 29.399.141 жител
3. Шангај - 26.317.104 жители
4. Сао Пауло - 21 846 507 жители
5. Мексико Сити - 21.671.908 жители
6. Каиро - 20.484.965 жители
7. Дака - 20.283.552 жители
8. Мумбај - 20.185.064 жители
9. Пекинг - 20.035.455 жители
10. Осака - 19.222.665 жители

Покрај Шангај и Пекинг, на листата се најдоа многу кинески градови, како Чонгкинг, Гуангжу, но и Вухан, кој го зазеде 41. место со околу 8,5 милиони жители.

токио

Сепак, убедливо најголем град во светот е Токио, кој има 38 милиони жители. Осака и понатаму е на 10. место, иако има речиси половина помалку население.

Европските градови кои се издвојуваат на листата се Истанбул на 13. место со над 15 милиони жители, Москва на 24. место со над 12 милиони и Париз со околу 11 милиони. Како светски културни центри, овие градови годишно примаат и милиони странски туристи.

Покрај Мексико Сити и Сао Пауло, доста високо на листата се и Буенос Аирес, Рио де Жанеиро, Богота и Лима. Њујорк е на 44. место со нешто повеќе од 8 милиони жители.

По Каиро, најголеми градови во Африка се Киншаса и Лагос со население близу 15 милиони. Најнаселениот австралиски град, Мелбурн, го зазеде 78. место со 5 милиони.

Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот