X
 03.05.2017 Живот

Д-р Ранко Рајовиќ: „Децата денес не знаат да фатат топка!“

„Најголемите мозочни региони кои припаѓаат во првиот дел од развојот се ротацијата, рамнотежата, развивање на нозете, динамичната акомодација на окото, фината моторика и говорот бидејќи имаат најголем број синапси. Во вториот дел на програмата за развој на мозокот се мисловните процеси, мисловната класификација, мисловната серијација и асоцијација, вели д-р Ранко Рајовиќ.

Дали детето денес има 15 минутна игра со ротација, игра со рамнотежа, дали поминува 5 километри на ден и дали има динамична акомодација? Нема!

Нема топка, децата не знаат да фатат топка. Кога им ја фрлате топката, 50% од децата не можат да ја фатат со двете дланки, ја фаќаат со двете раце. Некои деца дури и ја вртат главата, се плашат од топката.

Некогаш динамичната акомодација се развивала трчајќи од утро до мрак - преку камен, преку гранки, преку поток. Каде денес трча детето? Никаде.

Зошто е важна динамичката акомодација? Ако не е добро развиена ќе се јави дислексија. Тоа е проблем. Бидејќи секој дел од мозокот кој не сме го развиле како што треба доведува до дисфункција и детето не умее да ги поврзи работите. Значи, динамичката акомодација не се развива бидејќи детето не трча и нема препреки. Единствена шанса е топката, но денес децата не користат топка. Мојот совет е од денес топката да биде главен реквизит.

И кога станува збор за фината моторика, важно е да се напомене дека и тука 50% од децата кои живеат на просторите на поранешна Југославија немаат доволно развиена фина моторика. Скоро 60% од децата не можат да го подигнат четвртиот и петтиот прст од тврда подлога/ Тоа значи дека мозокот сè уште не го издвоил четвртиот и петтиот прст, туку кога ја поставуваат децата дланката со раширени прсти на маса, четвртиот и петтиот прст заедно се подигнуваат. А зошто не ги користат четвртиот и петтиот прст? Затоа што за сите игри кои децата ги имаат се користат само палецот, вториот и третиот прст. Тоа не е фина моторика - фината моторика подразбира користење на сите десет прсти. Тогаш родителите ми велат дека имаат лего коцки, а јас им велам дека и тоа е користење на само три прсти.

Што се однесува до развојот на говорот, јас не знам колку тие зборуваат. Детето од 6 години оди на училиште, таму не зборува многу, а кога ќе си дојде дома го чека телевизорот или компјутерот. Тој практично и не зборува, а детето на 6 години мора да зборува 10 часа дневно, секој ден. Како мозокот да создаде синапси кога тоа молчи? Уште ако јаде и мека храна, тоа е гаранција за пореметување во говорот.

Дали детето денес развива мисловни процеси? Дали игра игри за мисловна класификација (како што е „На буквата на буквата“ или „Каладонт“)? Мисловни серијации нема. Единствено постојано има асоцијации бидејќи доминантна активност е гледање телевизија. А дали кога гледа телевизија има ротација и рамнотежа, дали ги развива нозете? Нема ништо освен асоцијација. Дали ова е оптимално за развивањето на мозокот на детето?

Нема ротација, нема рамнотежа, нема акомодација, нема фина моторика, нема ништо. А мозокот се развива во движење! Секое движење е важно, и движењето на најмалиот прст.

Кога ќе се вратиме 20-30 години наназад, доминантни игри беа скокање на ластик, трчање... И сите игри траеја минимум три часа. Три часа работел мозокот вклучувајќи ја и мисловната класификација, бидејќи секое движење од напред морало да се „пресмета“.

Немојте да се чудите зошто денес имаме сè повеќе пореметување. Не е само моториката важна, важно е да се вклучат и мисловните процеси“.



Автор: Рајко Рајовиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот