X
 03.05.2017 Живот

Животот во најзатворената држава во светот

Финскиот новинар Мика Макелаинен успеал да го сними секојдневниот живот во Пјонгјанг и да ги шверцува снимките од Северна Кореја. Ваквиот подвиг и не е баш лесен бидејќи во оваа земја на сила е строга контрола над странските новинари.

Со оглед на тоа што официјалните извештаи не се веродостојни бидејќи се изрежирани онака како што им одговара на властите, овие 12 минути претставуваат редок увид во секојдневието на Северна Кореја.

Снимката била направена на пат од центарот на градот кон аеродром, а прикажува поминување низ широката авенија. Има малку луѓе, веројатно поради дождот, но и поради тоа што тој ден бил празник - „Денот на сонцето“ со кој се одбележува годишнината од раѓањето на Ким Ил Сунг и прилично било напнато затоа што се очекувал нуклеарен тест.

Во првите минути се гледаат згради слични на оние изградени во времето на социјализмот во земјите од поранешниот источен блок, но мора да се забележи дека фасадите се добро одржувани. Во текот на видеото се гледаат и модерни, футуристички градби меѓу кои и Кулата на бесмртноста и изложбен центар во форма на планета.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот