X
 03.05.2019 Култура

Наскоро сите ќе живееме во империјалната ера реива. Што значи тоа?

Повеќе од 1.300 години крунисувањето на секој нов јапонски император со себе носел нова ера. Еве зошто ерата реива ќе биде многу поразлична од претходните ери.

Со крунисувањето на кралот Нарухито на 1 мај заврши 31-годишната империјална ера хејсеј од таткото на Нарухито, царот Акитихо. Со тоа ќе почне царската ера реива - 248. ера со официјално име.

Традиционално, секој јапонски император добива „генго“ или име на ера, што се користи за да се идентификуваат годините на јапонскиот календар и служи како официјално име што се користи во државните документи, како што се возачките дозволи и валутата.

Јапонската традиција на генго била земена од слична кинеска традиција во 645 година, а кинескиот јазик традиционално одиграл клучна улога - не само што секоја ера е претставена со два кинески знака, туку и имињата се извлечени од класичната кинеска литература. Обично јапонските научници предлагаат повеќе опции, од кои подоцна избра императорот или владата.

1
Палатата во Токио е спротивност на модерните згради што ја опкружуваат
Фото: National Geographic


Иако новата ера што ќе почне во 2019 година е претставена со два кинески знака, нејзиниот извор е јапонска песна, а не кинески текст. „Реи“ значи успешен или добар, а „ва“ значи мир и хармонија. Зборчињата ги има во една песна напишана пред повеќе од 1.200 години од Отомо но Јакамочи, државник и поет кој пишувал за раниот пролетен ден и цветањето на цветовите од сливите.

За да ѝ даде име на новата ера, јапонската влада нарачала предлози од околу 30 научници по литература и историја чии идентитети остануваат анонимни. И покрај намалената употреба на генго - во неодамнешно истражување спроведено од „Кјодо Њуз“ само 18,8 отсто изјавиле дека повеќе го користат генго календарот од грегоријанскиот или хибриден систем - најавата беше пречекана со широко распространета возбуда во Јапонија.

Иако е долга традиција, новиот генго е всушност аномалија бидејќи беше објавен во текот на животот на поранешниот јапонски император. Обично генго се открива откако ќе умре царот, предизвикувајќи нова империјална ера. Но, во овој случај царот на Јапонија ќе абдицира. Императорот Акихито ќе биде првиот јапонски монарх што го направил тоа во историја долга 200 години.

Според јапонските експерти, „доброто и хармонично“ владеење на новиот цар Нарухито нема да биде драстично различно од нормите на Јапонија.

- Сите промени ќе бидат едвај забележливи и ќе бидат воведени со текот на времето - вели еден историчар.

Царската куќа во Јапонија се очекува да продолжи да го одржува истото ниво на приватност, во согласност со церемонијалната улога на царот. Но, околностите на доаѓањето на новиот цар и јапонските корени на името на неговата империјална ера укажуваат на нови традиции.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура