X
 03.05.2019 Култура

Нова теорија за „Игра на троновите“ ја открива судбината на Брен Старк

Третата епизода од осмата сезона на „Игра на троновите“ ги подели фановите. Многумина беа лути што Ноќниот крал беше поразен со лесен убод со нож, особено затоа што имавме толку многу прашања за овој лидер. Фановите веруваат дека постои многу поголем конфликт меѓу него и Брен Старк. Како што сите се прашуваме за вистинските мотиви на Ноќниот крал, теорија на еден фан дава нова идеја.

Еден корисник на „Редит“ вели дека Ноќниот крал воопшто не бил лошиот лик. Тој тврди дека Триокиот гавран е всушност злобен и сака да го убие целото човештво, и со тоа истите намери ги има и Брен. Откако видел што може да направат луѓето - убивајќи и уништувајќи речиси сè, теоријата наведува дека поради тоа, Триокиот гавран сака да го исчисти светот.

Ова би објаснило зошто Брен предизвикал уништување низ времето и дури можеби предизвикал лудило кај Лудиот крал. Оваа идеја кружи низ „Редит“ веќе некое време (доказ за ова е способноста на Брен да го натера Ходор да го изгуби умот).

1
Фото: Helen Sloan, HBO

- Белите шетачи всушност биле добри. Тие со генерации се обидувале да го убијат Триокиот гавран. Кога тој преминал во форма на Брен, тие го следеа само за да го убијат. Што всушност прави Триокиот гавран? Тој манипулира со останатиот дел од човештвото за да го спасат од Белите шетачи, претставувајќи ги како злобни. Тоа е неговата единствена опција. Ознаката на Ноќниот крал е на неговата рака и тоа ќе го прогонува - се вели во теоријата на еден фан.

Токму оваа идеја - дека Триокиот гавран ја создал целата работа - објаснува зошто Брен ѝ го дава ножот на Арја Старк. Но, теоријата станува уште поинтересна кога редит-корисникот потенцира дека Арја ќе биде таа што ќе го убие Триокиот гавран.

Фанот верува дека пророштвото на Мелисандре за Арја: „Кафеави очи, сини очи, зелени очи. Очи што ќе ги затвориш засекогаш“, и во третата и во осмата сезона, ги означува кафеавите очи на Волдер Фреј (кој Арја го уби), сините очи на Ноќниот крал (кој Арја исто така го уби) и зелените очи на Брен. Ова би значело дека таа ќе мора да го убие и својот брат.

Се надеваме дека ќе има повеќе објаснувања за тоа што се намерите и плановите на Брен, а оваа теорија дефинитивно ќе биде епска ако се покаже дека е вистина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура