X
 03.05.2022 Живот

Навалете на чоколадото, а исфрлете го црвеното месо: Што (не) јадат долговечните луѓе?

Колку и да обожавате чоколадо, понекогаш ви се чини дека никако не се вклопува во вашиот режим за слабеење. Меѓутоа, истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија прегледале стотици нутриционистички студии спроведени во текот на изминатата деценија во потрага по онаа што нуди најдобри шанси за подолг и поздрав живот, а резултатите ги навеле да заклучат дека чоколадото може да биде дел од диета.

Она што е важно да се спомене е дека се работи исклучиво за темно чоколадо со висок процент на какао, а  сите видови црвено месо и преработки треба целосно да се елиминираат.

Исто така, се препорачува и постење секој ден во период од 12 часа, што ги остава другите 12 часа дневно во кои би требало да бидат распоредени сите оброци.

hrana
Фото: Freepik

Мешунките, интегралните житарки и зеленчукот се клучен дел од нивниот план за исхрана, како и многу јаткасти плодови и маслиново масло. Некои риби се дозволени, а внесот на пилешко мора да биде многу мал, како и внесот на шеќер и производи од рафинирани житарки, како бел леб и тестенини.

Главниот автор, д-р Валтер Лонго, утврдил дека правилата на оваа диета не се насочени само кон слабеење. Наместо тоа, како што вели д-р Лонго, тие имаат цел да го забават стареењето и да помогнат да се избегне морбидитетот и да се одржи здравјето во староста.

Многубројни докази покажуваат дека овие обрасци на исхрана ќе промовираат здрава функција на клетките и ќе ги спречат дебелината, дијабетесот и ракот. Д-р Лонго и професорката Розалин Андерсон ги објавија своите наоди во списанието „Сел“.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот