X
 03.05.2022 Живот

Село без врати и прозорци, крадењето е непознат поим

На околу 300 километри источно од Мумбај, во оддалеченото индиско село Шани Шингнапур, криминалот е толку непознат концепт, што селаните престанале да ги чуваат своите куќи, имоти и скапоцености.

Веќе никој не ги заклучува автомобилите и мотоциклите, продавачите оставаат готовина во отворени фиоки, а домаќинките го чуваат својот накит во незаклучени кутии. Куќите воопшто немаат врати, туку само дрвена рамка зад која стои завеса.

Жителите на ова село се однесуваат така бидејќи имаат огромна верба во небесниот заштитник, лордот Шани, за кого веруваат дека ги штити од крадци. Верувањето дека секој што ќе украде на ова место ќе го навлече гневот на лордот Шани, бог познат по својата натприродност и склоност кон одмазда. Така, верувањето во овој лорд ги држи лошите луѓе подалеку од Шани Шингнапур цели 300 години. Барем таква е приказната.

Легендата вели дека пред стотици години, по период на интензивни дождови и поплави, на брегот на реката што тече низ селото била пронајдена тешка плоча од црн камен. Кога мештаните го допреле каменот, од него почнала да тече крв.

Потоа, една ноќ, старешината на селото сонувал сон во кој лордот Шани му се обратил и открил дека плочата е, всушност, самиот бог. Шани им наредил на селаните да го задржат каменот во селото бидејќи сакал тој да остане таму и да ги заштити неговите жители. Следниот ден селаните го извлекле каменот на суво и го поставиле на платформа без покрив во центарот на селото. Тие, исто така, одлучиле да ги отстранат сите врати и брави од нивните куќи. Бидејќи лордот Шани ги чувал, повеќе не им биле потребни врати.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот