X
 03.06.2021 Здравје

Израел забележа можна врска меѓу воспалението на срцевиот мускул и вакцината на „Фајзер“

Министерството за здравство на Израел изјавило дека открило мал број случаи на воспаленија на срцевиот мускул (миокардитис) кај лица што примиле вакцина против ковид-19 на „Фајзер“. Од министерството објавиле дека малиот број случаи, од кои најмногу биле кај млади мажи, веројатно бил поврзан со нивното вакцинирање, пренесува „Ројтерс“.

Од компанијата изјавиле дека не забележале зголемен број случаи со состојбата од обично. Во Израел биле забележани 275 случаи на миокардитис во над 5 милиони вакцинирани лица во периодот од декември 2020 до мај 2021 г. Поголемиот дел од пациентите што имале воспаление на срцевиот мускул поминале најмногу четири дена во болница, а 95% од случаите биле со слаби симптоми, покажало истражување спроведено за министерството за здравство на Израел.


Фото: Pixabay

Според заклучоците, веројатно има врска помеѓу примањето на втората доза на вакцината на „Фајзер“ и појавувањето на миокардитис кај мажи на возраст од 16 до 30 години. Состојбата почесто се забележувала кај мажи на возраст од 16 до 19 години отколку кај другите групи.

Израелското министерство за здравство штотуку го одобрило вакцинирањето против ковид-19 на лица од 12 до 15 години.

Минатиот месец американскиот Центар за контрола и спречување болести препорача дополнително испитување на можната поврзаност помеѓу миокардитис и вакцините, а во земјата досега не бил забележан зголемен број на случаи на миокардитис од обично.

Извор: Reuters
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје