X
 03.07.2018 Живот

Кои се следните чекори за спасување на децата во тајландската пештера?

Спасувачите во Тајланд се соочуваат со клучна задача да ги извадат 12-те момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера. Групата веќе помина девет дена во пештерата без храна и светлина, а беше пронајдена вчера. Но, властите велат дека децата можеби ќе мораат да останат внатре со недели или со месеци додека да можат да излезат на безбеден начин.

Како ќе излезат?

Една опција е момчињата да бидат научени да пливаат низ тунелите во пештерата користејќи опрема за нуркање. Опцијата со нуркање е најбрза, но и најопасна. На едни од најдобрите нуркачи во светот им беа потребни денови за да стасаат до децата, а неискусните деца би биле принудени да се натпреваруваат со брзите буици, слабата видливост и тесните премини.

Спасувачите би можеле да набават маски за лице и да постават резервоари со кислород, како и осветлување долж патот, но експертите предупредуваат дека ризикот се уште би бил голем.

Друга опција би било да се чека да се повлече водата за групата да може да излезе пеш, но за тоа може да бидат потребни месеци бидејќи настапува сезоната на монсуните.

Спасувачите ја разгледуваат и можноста да се обидат да избушат дупка и да ги кренат децата, но и тоа е тешка задача.

Фото: BBC

Кои се опасностите внатре?

Момчињата, кои се на возраст од 11 до 16 години, и нивниот 25-годипен тренер, се наоѓаат на мала карпеста издигнатина. Околината е влажна, па ним им треба топлина и суво или ризикуваат хипотермија.

Закана е и падот на камењата, но најголемата грижа за спасувачите е зголемувањето на нивото на водата. Водата од бурите може да го искомплицира пристапот, да биде закана за внесот на воздух во пештерата и да ги отежни спасувачките обиди.

Експертите велат дека додека чекаат да бидат ослободени, момчињата мора да останат смирени и на издигнатината. Ако, не тие лесно може да паднат или да ги однесе водата.

-Ползењето наоколу во темницата е најголемиот проблем - вели Енди Ивис, пензиониран раководител на Британската спелеолистичка асоцијација.

Каква помош им се пружа?

На групата денес им беше доставено храна и медицински нешта како парацетамол. Дополнително, морнарицата се подготвува да испрати храна за четири месеци и да ги истренира сите 13-мина да нуркаат, истовремено извлекувајќи ја водата. Властите истакнаа дека повеќето деца се неповредени, иако некои се ослабнати и со мали повреди. Со нив има лекар и медицинска сестра и тие ќе одлучат дали се доволно силни за да бидат преместени.

Во меѓувреме, нуркачите однесоа стотици резервоари со кислород во пештерата.

Фото: BBC

Како ќе се справат со менталната напнатост?

-Во овие ситуации најисцрпувачка е темнината - вели Ивис.

Тој додава дека момчињата можеби имале светлина од телефони или батерии, но тие потенцијално седеле во темница со часови. Затоа спасувачите внесоа светлина и им прават друштво. Исто така, се подготвуваат телефонски линии за да им се овозможи на момчињата да зборуваат со своите најблиски.

Се на се, изгледа дека им оди добро засега.

-Тие се ментално стабилни, што е многу добро. За среќа тренерот бил разумен и ги држел сите заедно еден покрај друг за да ја зачуваат нивната еднергија. Во основа, тоа ги спасило - истакна Бен Рејменантс, белгиски нуркач, кој помагал во спасувачката операција.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот