X
 03.07.2020 Наука

Јужниот Пол се затоплува трипати побрзо од остатокот на светот

Јужниот Пол се затоплува трипати побрзо од остатокот на светот, покажува најново истражување.

Долго време се сметаше дека Јужниот Пол може да е отпорен на глобалното затоплување, но истражувањето објавено оваа недела во „Нејчр клајмет чејнџ“ посочува друга слика.

Анализата на податоците открила дека Јужниот Пол се загрева трипати побрзо во последните три децении, а добар дел од ова затоплување се припишува на климатските промени предизвикани од човекот.

Истражувањето откри дека Јужниот Пол се загреал за 1,8 Целзиусов степен помеѓу 1989 и 2018 година, при што стапката на загревање се зголемила од почетокот на милениумот.

Додека температурата на Јужниот Пол може да биде под влијание на многубројни природни феномени, како што се температурите на океаните во тропскиот Пацифик, истражувањето открива дека климатските промени предизвикани од човекот дефинитивно имаат влијание.

- Нашата анализа открива дека екстремните варијации на температурите на Јужниот Пол може делумно да се објаснат со природната тропска варијабилност - вели Кајл Клем, соработник за истражувања во областа на климата во Универзитетот „Викторија“ во Велингтон.

juzen pol
Фото: Pixabay

- За да се процени влијанието на климатските промени предизвикани од човекот, анализиравме повеќе од 200 симулации на климатски модел со забележани концентрации на стакленички гасови во периодот помеѓу 1989 и 2018 година. Овие климатски модели покажуваат дека неодамнешните зголемувања на стакленичките гасови веројатно придонеле за 1 од вкупно 1,8 Целзиусов степен затоплување на Јужниот Пол.

- Исто така, ги искористивме моделите за да ја споредиме неодамнешната стапка на затоплување со сите можни 30-годишни температурни трендови на Јужниот Пол што би се случиле природно, без човечко влијание. Набљудуваното затоплување надминува 99,9 отсто од сите можни трендови без човечко влијание и ова значи дека мала е веројатноста неодамнешното затоплување да е под природни услови.

- Се чини дека ефектите од тропската варијабилност работеле заедно со зголемувањето на стакленичките гасови, а крајниот резултат е еден од најсилните трендови на затоплување на планетата.

Температурите се забележани на станицата „Амундсен-Скот“ што се наоѓа на Јужниот Пол и е најјужната опсерваторија за времето на Земјата уште од 1957 година, при што температурите се движат од 1 степен ладење пред 2000 година, до 1,8 степен загревање во текот на изминатите 30 години.

Клeм предупредува дека оваа природна варијација може да послужи за маскирање или засилување на влијанието на климатските промени предизвикани од човекот во наредните децении.

- Варијабилноста на температурата на Јужниот Пол е толку екстремна, што во моментов ги маскира ефектите предизвикани од човекот.  Внатрешноста на Антарктикот е едно од ретките места на Земјата каде што затоплувањето предизвикано од човекот не може точно да се утврди, што значи дека е предизвик да кажам дали или колку долго ќе продолжи затоплувањето. Но, нашето истражување открива дека екстремните и нагли промени во климата се дел од климатскиот ентериер на Антарктикот - вели тој.

Извор: Ladbible.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука