X
 03.07.2020 Образование

Верувајте во себе, работете напорно и сакајте го тоа што го работите, ги храбри своите студенти професорот Драган Тевдовски

Минатиот месец Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.

Најмногу пораки со пофалби од студентите за онлајн-наставата доби професорот Драган Тевдовски, редовен професор на катедрата за математика и статистика на Економскиот факултет.

- Секогаш посветен на нас и нашите потреби. Секогаш точен на предавањата, максимално се труди да ни го објасни и олесни материјалот за учење и секогаш е тука за нас кога и да имаме тешкотии во врска со предметот - стои во една од пофалбите од студентите.

Сега ние го прашавме што тој има да им каже на студентите. Тевдовски им се заблагодари на студентите и им порача да веруваат во себе.

Погледнете ја целата негова порака:


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование