X
 03.08.2019 Живот

Како да се изборите со мачнините при патување?

Возењето може да ви го претвори летниот одмор во кошмар. Кога тргнувате на пат, а вообичаено имате проблеми со возењето, важно е да знаете како да се изборите со мачнината и да не дозволите да ви го уништи одморот.

Маслото од нане и ѓумбир ќе ви ги ублажи мачнините, а во текот на возењето немојте да читате, туку гледајте низ прозорец. Важно е мачнината да се спречи пред патувањето.

Кинетозата, или онаа ужасна мачнина која е проследена со повраќање и мачнини, всушност е природна реакција на организмот на движењето и се јавува кога системот сензитивни нерви во телото различно го доживуваат движењето. Може да се јави во возило во движење. Тие мачнини, кои најчесто се јавуваат кај најмладите, најдобро е да се отстранат со ѓумбир. Изрендајте малку ѓумбир и изедете го свеж половина час и четири часа пред патувањето и тоа околу половина мала лажичка.

Во ублажувањето и олеснувањето на тегобите кога патувате ќе ви помогне и ароматерапијата. Со етеричните масла од нане, лаванда, евкалиптус и ѓумбир ќе ги смирите мачнините и ќе уживате во одморот. Ставете капка масло од нане на коцка шеќер и растопете го во устата или капнете две капки етерично масло од ѓумбир или еукалиптус на марамче и вдишувајте.

Сепак, пред орално земање на етерични масла, посоветувајте се со лекар.

Освен што ги ублажуваат мачнините на патувањата, етеричните масла ја зголемуваат и концентрацијата. Можете да капнете по капка масло на неколку парченца памук и да ги распоредете памукчињата по автомобилот. Тоа нема да ги успие возачите, но тоа ќе ги смири и да им помогне во одржувањето на концентрацијата.

За мачнините да не ви го уништат одморот, обидете се да ги држите очите затворени во текот на возењето колку што можете подолго. Така мозокот нема да прима визуелни информации и малку ќе ви се смират мачнините. Ќе помогне и ако ставите очила за сонце. Ако, пак, сакате да ги држите очите отворени, фиксирајте го погледот на нешто пред себе. Токму поради противречните сигнали кои очите и внатрешното уво му ги праќаат на мозокот, се појавуваат мачнините, вртоглавицата и повраќањето. Ако ви се мачи при патување, избегнувајте го и читањето.

Ако патите од мачнини, седете на совозачкото место, во предните вагони во возот, на седиштата близу до крилата во авионот или на оние кои не се до прозорец. Секогаш седете во насока на движењето на возилото, а ќе помогне и ако во текот на патувањето се концентрирате на една точка, па избегнувајте ги наглите и чести движења на главата. Исто така, заборавете на јаките парфеми или други интензивни миризби. Непријатните мачнини може да се спречат и со длабоко дишење, покажуваат истражувањата.

Треба да се внимава и пред патувањето да се јадат мали и лесни оброци и да се пијат само природни сокови или вода.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот