X
 03.08.2021 Здравје

Коронавирусот се врати во Вухан по повеќе од една година

Властите од кинескиот град Вухан, каде што се појавија првите случаи на коронавирусот во 2019 година, соопштиле дека ќе го тестираат целото население во градот откако се забележани локални случаи по повеќе од една година. Ќе се вакцинираат сите 11 милиони жители во градот, истакнале властите.

Вчера било објавено дека биле регистрирани седум нови случаи на коронавирусот кои се резултат на локално ширење. Ова се случува по повеќе од една година без локални случаи на коронавирусот. На почетокот од 2020, епидемијата беше стопирана со строг карантин.

Последниве неколку денови Кина ги затвора градовите и организира масовни тестирања. Во целата држава денес биле регистрирани 61 нов случај на заразени со коронавирусот.

Се претпоставува дека ширењето е последица на појавата на кластер помеѓу чистачите на аеродром во градот Нанџинг. Во Пекинг веќе биле тестирани милиони граѓани, а делови од градот се блокирани. Сите блиски контакти на заразените се во карантин.

Извор: Avaz
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје