X
 03.10.2018 Живот

Хуманитарен настан за бездомните животни на Светскиот ден на животните

Хуманитарен настан за бездомните животни ќе се одржи утре во пивницата „Стар Град“ во Скопје. All we need is paws е пораката што сакаат да ја пренесат организаторите – „Кане корсо“, граѓанска иницијатива за заштита на правата на животните.

- После сè што видовме деновиве, решивме малку поинаку да пристапиме кон решавање на проблемот. Сакаме сите, ама буквално сите да ја дознаат суровата вистина за судбината на многу бездомни другари. И оние во „Вардариште“, и оние на улица и оние што се под наша закрила. На настанот ќе дознаете повеќе за нас и за нашиот активизам, ќе можете да прашате сè што ве интересира, а воедно и ќе можете да ни помогнете во борбата со тешките болести што ги имаат поголем дел од нашите штитеници. Ќе има добра музика, мини-базар, едукативен дел и дружба со сите што сакаат животни. Специјален гостин ќе биде танцовото студио „Битрикс кру“, кое со својот перформанс ќе придонесе за атмосферата. Од срце ви ветуваме дека нема да се покаете ако дојдете – велат од „Кане корсо“.

#kanekorzomk #allweneedispaws
#KaneKorzoMK

https://www.facebook.com/events/148467596098488/


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот