X
 03.10.2018 Образование

Студентска акција #РазмениКнига

Секој од нас има книги забутани во плакарот кои одамна ги прочитал и  така седат и фаќаат прашина. Имаме и книги кои сме ги добиле за   роденден или некој друг повод, но не се од наш интерес и тие така си  седат непипнати. Ги чуваме, додека некој друг/а можеби ги бара да ги  чита баш твоите книги. Исто така, во плакарот на некоја студентка седи  прочитана или неотворена книгата што баш ти сакаш да ја читаш. Зошто  да не направиме платформа каде тие книги би се разменувале и секој би  си нашол нешто за свој мерак и интерес?

Студентската организација „Секој Студент“ сака да ги поттикне студентите повеќе да читаат и да разменуваат прочитани книги. За таа цел иницираме и организираме акција #РазмениКнига во дворот на  универзитетот Св. Кирил и Методиј од 3 -5 Октомври (Среда, Четврток и Петок), секој ден од 11-13 часот. Повелете да размениме книги и да  поттикнуваме нивно читање. Правилото е едноставно: Не можете да земете повеќе книги отколку што сте донеле. На пример, носиш една - си земаш една, или носиш 3 - си земаш 2. На крајот на акцијата во Петок во 13 часот, книгите што ќе останат ќе бидат слободни за земање.

Супер е да имаш добро тело на инстаграм, но убаво е да имаш и добри мозочни мускули, широки погледи и секси богат вокабулар. Повелете се гледаме на #РазмениКнига на УКИМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование