X
 03.10.2019 Наука

Луѓето произведуваат 100 пати повеќе јаглероден диоксид од сите вулкани заедно

Според студија работена една деценија од страна на меѓународен тим на истражувачи, емисиите на јаглероден диоксид што се резултат на човечкото дејствување се 100 пати поголеми од ефектите на загревање на планетата на сите вулкани заедно.

Вкупната количина емитувана од вулканите е само околу 0,3 гигатони годишно, што е многу мал дел од оние 37 гигатони што човештвото ги произвело само во 2018 година.

Тоа значи дека тие не се ни приближно голем придонесувач за глобалните емисии како што се смета според некои теории.

- Климатските скептици навистина се фаќаат за вулканите како можен натпреварувач за најголема емисија на јаглероден диоксид, но не е така - истакна Мери Едмондс, професор по вулканологија и петрологија на колеџот „Квинс“ при Универзитетот во Кембриџ, Англија.

Во далечното минато имало страшни инциденти на слично ниво како денешните произведени количини на јаглероден диоксид од страна на човекот и тие биле катастрофални. Еден таков настан бил ударот на астероидот Чиксулуб пред 66 милиони години, за кој научниците проценуваат дека испуштил некаде помеѓу 425 и 1.400 гигатони јаглероден диоксид. Но, влијанието на индустриската цивилизација сега доаѓа на споредливо ниво.

- Количината на јаглероден диоксид испуштен во атмосферата од активноста на човекот во последните 10-12 години е еднаква на катастрофалната промена во текот на овие настани од минатото - вели Едмондс.

Научниците објавија серија трудови како дел од таканаречената „Длабока јаглеродна опсерваторија“, глобална истражувачка програма основана во 2009 година.

За жал, ќе биде потребно многу време за Земјата да го „измазни“ нивото на јаглерод диоксид во атмосферата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука