X
 03.10.2019 Образование

Ученици од „Јахја Кемал“ од Струга дискутираа за мир и климатските промени заедно со врсници од други школи од Струга и од Охрид

По повод Неделата на мир, приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Струга организира дискусија на тема „Климатска акција за мир“, која е годишна тема на Обединетите нации. Во оваа активност учествуваа средните училишта „Нико Нестор“ и „Д-р Ибрахим Темо“ од Струга и „Св. Климент Охридски“ од Охрид.

Училиштата разговараа за две прашања: going green треба да се заштити со закон и глобализацијата ќе придонесе за светскиот мир.



Учесниците велат дека оваа активност го истакна придонесот што младите можат да го дадат за решавање вакви итни прашања, како климатските промени и глобалниот мир.



На дискусијата се донесени следните заклучоци:

- Неоспорен е ефектот на климатските промени врз мирот.
- Треба да преземеме активности за да ги достигнеме глобалните цели за да имаме мирен и здрав свет.
- Going green ќе влијае позитивно врз околината.
- Активноста за климата бара итно внимание поради нејзината итност.
- Глобализацијата може да им помогне на владите поефикасно да се борат со климатските промени.
- Going green значи да се придонесе за животната средина во мали, лични скали, но и во поголеми, индустриски размери.
- Помладата генерација покажа огромна упорност и придонесува за околината.
- Фокусирањето на глобалните цели ќе ни овозможи ефикасно решавање на проблемите.
- Учеството на младите во активизмот во животната средина позитивно влијаеше на начинот на кој гледаме на проблемите со животната средина.
- Мирот во голема мера зависи од благосостојбата на околината.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование