X
 03.10.2021 Здравје

Луѓето имаат долготрајни симптоми и по прележување грип

Луѓето што заболуваат од грип може да имаат долготрајни симптоми слични како долготрајните симптоми на ковид-19, покажува ново истражување. Истражувачи од Универзитетот во Оксфорд го заклучиле ова анализирајќи ги здравствените податоци на пациенти што ги имале двата вируси.

Биле анализирани податоци од над 100.000 луѓе од секоја група и помеѓу нив имало пациенти што барале третман три до шест месеци по заразувањето. Долготрајните симптоми на двете болести вклучуваат проблеми со дишењето, умор и главоболки.

- Многумина што имале грип знаат дека закрепнувањето не оди толку брзо како што очекувале - изјавил професорот Пол Херисон, еден од главните истражувачи.


Фото: Pixabay

Анализата открила и дека околу 42 отсто од пациентите што имале ковид-19 имале симптоми три месеци по заразувањето. За споредба, 30 отсто од пациентите со грип имале симптоми по три месеци. Поголемиот процент кај пациентите со ковид-19 може да значи дека луѓето повеќе бараат помош од оваа болест од поголем страв, пишува „Индепендент“.

Истражувачите посочуваат дека истражувањето не ги анализирало симптомите според сериозноста за секоја од болестите, додавајќи дека има докази дека оние што имаат тешки симптоми на ковид-19 имаат посериозни долготрајни проблеми.

Извор: Independent
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје