X
 03.10.2022 Живот

Земји што тестираат четиридневна работна седмица

Четиридневна работна недела звучи одлично за многумина. Во многу делови од светот ова станува и реалност за некои вработени. Има неколку држави низ светот кои тестираат четиридневна работна недела.

Во Канадa и во САД се тестира четиридневна работна недела во рамките на програма во која се вклучени 38 компании.

Во Австралија, во јуни годинава почнала пилот-програма за четиридневна работна недела организирана од страна на непрофитна организација и истражувачи од повеќе универзитети.

Пилот-програма за четиридневна работна недела се спровела од страна на јапонската подружница на „Мајкрософт“ во 2019 година. Програмата покажала зголемување на продуктивноста за 40 отсто, како и намалена потрошувачка на електрична енергија и печатење на хартија.

Во јуни почнала пилот-програма за четиридневна работна недела во Нов Зеланд. Во февруари, Белгија ја одобрила опцијата за четиридневна работна недела, со која работниците ќе може да изберат да работат четири работни дена наместо пет.


Фото: Freepik

Во 2019, општината Одшеред во Данска станала првата локална власт во земјата во која започнала да се практикува четиридневна работна недела.

Исланд спровела пилот-програма за четиридневна работна недела од 2015 до 2019, која се покажала како успешна. Било забележано зголемување на продуктивноста на работата со промената, а работниците биле под помал стрес и изјавиле дека им се подобрил балансот помеѓу работата и приватниот живот.

Во јуни, во Ирска започнала тест-програма за четиридневна работна недела во која се вклучени над 70 компании со над 3.000 работници.

Во февруари минатата година во Шпанија започнала програма за тестирање четиридневна работна недела, финансиски поддржана од Владата. Владата им доделила 50 милиони евра на 200 компании за да ја тестираат четиридневната работна недела во период од три години.

Обединетото Кралство во јуни започна пилот-програма за четиридневна работна недела, која ќе трае шест месеци. Во програмата учествуваат над 70 компании и над 3.300 вработени лица.

Во Обединетите Арапски Емирати нова норма е да се работи со скратено работно време во петок од јануари годинава. Викендот во оваа земја почнува во петок попладне.

Извор: HQ hire
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот