X
 03.11.2018 Живот

Јужнокорејското разузнавање преку апликација го следи здравјето на Ким Јонг-ун

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја пред пратениците презентира компјутерска програма која го анализира здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Службата за разузнавање развила посебна програма, која врз основа на анализа на видеослики создава посебен тродимензионален модел, следење и анализирање на промените во изгледот на објектот. Веќе неколку години со таа програма се следи здравјето на Ким, соопшти пред новинарите претставник на јужнокорејската парламентарна комисија за прашања од сферата на разузнавањето.

Пратеникот информира дека според податоците од разузнавачките служби, Ким Јонг-ун е „релативно здрав“, и покрај неговата прекумерна тежина и наследни ризици за висок крвен притисок и дијабетес.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот